453
Еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во историјата Лука Модриќ, во разговор за шпанските медиуми ги откри своите пет најдобри фудбалери на сите времиња.
Иако многумина очекуваа дека на листата ќе се најдат имињата на Лео Меси и Кристијано Роналдо, тоа не беше случај.
Сегашниот фудбалер на Милан се одлучи за други пет имиња, а на првото место го избра Диего Армандо Марадона, па продолжи:
„Тука се и Франческо Тоти, бразилскиот Роналдо, Звонимир Бобан, кој ми беше идол, и секако, Зинедин Зидан“, изјави Модриќ.
Да потсетиме, хрватскиот ас летово стави крај на 12-годишната ера во Реал Мадрид и потпиша за Милан, каде што продолжи да игра во одлична форма.