91
28 годишниот хрватски
дефанзивец од редовите на Динамо Киев, својата кариера ќе ја продолжи во
турскиот првак Бешикташ, кој продолжи со праксата на посебен начин да ги
објавува своите засилувања.
Слично како и
претходните, со што стана хит помеѓу фудбалските фанови, Бешикташ го претстави
Вида, овој пат Хрватот беше повикан од Ченк Тосун, кој беше вистинска нерешлива
енигма за него, постигнувајќи три гола против него во Лигата на шампионите оваа
сезона, како и еден во квалификациите за Мундијалот.