Грчки ПАОК има одлична
сезона, се наоѓа на третото место на табелата со само два бода негатива зад
водечкиот Олимпијакос, а ист број бодови има како и второпласираниот АЕК.
Напаѓачот на грчкиот
прволигаш, српскиот репрезентативец Александар Пријовиќ е една од причините за
одличните резултати на ПАОК сезонава, а тој на 13 натпревари постигна 6
погодоци. Ако се земе во предвид дека го постигна голот за победа на Србија
против Грузија за пласман на Мундијалот во Русија, со право може да се рече
дека во голема мера го привлече вниманието на себе на повеќе клубови од Европа.
Интересно, еден од
клубовите кои се посебно загреани за услугите на српскиот напаѓач е англискиот
Чемпионшиплигаш Лидс, каде настапува нашиот Езгјан Алиоски.
Пријовиќ веќе има
искуство на Островот, откако претходно настапуваше за Дерби, Јеовил и
Нортемптон. Откупната клаузула во договорот на српскиот напаѓач со ПАОК
изнесува 10 милиони евра.