Реал ќе ја тужи УЕФА – причината е Суперлигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид и компанијата „A22“, која стои зад проектот за Европската Суперлига, подготвуваат тужба против УЕФА во вредност од речиси 4,5 милијарди евра, објави „Ел Мундо“.

Со оваа постапка, шпанскиот гигант и неговите партнери ќе побараат надомест за изгубена добивка, репутациска штета и финансиски загуби што, според нив, настанале поради постојаното блокирање на проектот од страна на европската куќа на фудбалот.

По серија неуспешни преговори со челниците на УЕФА, Реал и „A22“ решиле да тргнат по правен пат, обвинувајќи ја организацијата дека не ја почитувала одлуката на Судот на Европската унија од декември 2021 година. Тогаш беше утврдено дека правилата на ФИФА и УЕФА за задолжително претходно одобрување на клупски натпреварувања се спротивни на европското право и претставуваат злоупотреба на доминантна позиција.

Во новата тужба, Реал и „A22“ ја обвинуваат УЕФА за монополистичко однесување и сметаат дека институцијата свесно го одложувала процесот со цел да го спречи стартот на Суперлигата. Како поткрепа, нивните адвокати го наведуваат примерот на Европскиот суд кој неодамна ја потврди казната од 2,42 милијарди евра за „Гугл“ поради фаворизирање на сопствената услуга во однос на конкуренцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×