Нов малер за младата ѕвезда на ПСЖ

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен повторно киксна во шампионатот, откако одигра само 1-1 на гостувањето кај Лориен, но уште поголем удар за тимот на Луис Енрике е новата повреда на Дезире Дуе.

Младиот офанзивец, кој неодамна се врати на терен по повредата што ја заработи во септември, повторно го снајде малер. Дуе настрада на стартот од второто полувреме, по еден дуел падна на тревникот и веднаш беше јасно дека ситуацијата не е наивна. Фудбалерот мораше со носилки да го напушти теренот, а првичните информации од Франција велат дека повредата е сериозна и дека 20-годишниот талент ќе мора повторно на подолга пауза.

Ова е огромен удар за ПСЖ, особено ако се знае дека Дуе беше во одлична форма и постигна два гола во последниот меч од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен.

Сигурно е дека тој ќе го пропушти дербито против Баерн Минхен кое се игра на 4 ноември во рамките на Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×