Тотенхем го „разби“ Саутемптон, хет-трик и рекорд за Хари Кејн (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Тотенхем обезбеди висока
и убедлива победа од 5-2 пред своја публика над Саутемптон во првиот меч од 20
коло во Премиерлигата, а на полувремето домаќините имаа водство од 2-0, двата
дело на Хари Кејн.

Во второто полувреме
тимот на Покетино продолжи со исто темпо, па следеа погодоци на Али и Сон за
убедливи 4-0. Гостите преку Буфал намалија на 4-1, но Кејн со својот трет гол
на мечот зголеми на 5-1. Конечниот исход од мечот го постави Тадиќ.

Ќе издвоиме и дека Кејн
сруши рекорд на Алан Ширер а воедно го надмина и Лионел Меси по бројот на
постигнати гола во календарската година, за напаѓачот на Тотенхем се цели 56
погодоци во 2017. година, Меси годината ја заврши со 54. Во однос на Ширер, неговиот
учинок од 37 гола во Премиерлигата во една календарска година е веќе надминат
за два гола повеќе.

Со оваа победа Тотенхем
се искачи на четвртото место на табелата со 37 бода, пет помалку од
второпласираниот Манчестер јунајтед, односно два од Челси. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани