Два гола во две минути, Лориент го запре ПСЖ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Лориен успеа да остане непоразена на свој терен против Пари Сен Жерме одигрувајќи 1-1.

Првото полувреме не донесе премногу прилики и на двете страни, па така и резултатот остана почетниот.

Најголемите возудувања ги видовме на стартот од вториот дел кога беа постигнати двата гола. Прво Нуно Мендеш го отвори резултатот во 49-та минута, а потоа само две минути подоцна Игор Силва стрелаше за 1-1.

ПСЖ беше подобар противник до крајот на и создаде повеќе шанси за гол, меѓутоа резултатот не се промени.

Со ова реми, ПСЖ им даде шанса на Марсеј и Лион со евентуални победи во своите натпревари да се израмнат на врвот на табелата со по 21 бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×