74
Барселона во саботата уште еднаш триумфираше на Сантијаго Бернабеу и го покори лутиот противник пред неговите фанови.
Лео Меси беше еден од главните играчи на гостите, а Аргентинецот им одржа лекција на мадриѓани со одење!
Ел Периодико објави анализа од движењето на Лео против Реал, која вели дека Меси буквално одел на теренот 83.10% од времето, џоиграл 10.80%, трчал 4.95% и спринтирал само 1.15%.
Аргентинецот на Бернабеу поминал 8.03 километри, а максималната брзина која ја достигнал изнесувала 33.59 км на час.