„Паметам како Венгер плачеше…“ – Гвардиола вели дека се враќа фудбалот на Тони Пулис

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека во мода се враќа фудбалот кој беше заштитен знак на Тони Пулис и Стоук, односно нафрлени топки од аут и прекини.

Оваа сезона, многу клубови од Премиерлигата се обидуваат со долги топки, прекини и нафрлени топки од аути да креираат шанса, па Пеп Гвардиола вели дека во мода се враќа фудбалот кој беше заштитен знам на Тони Пулис и Стоук од пред 20 години.

„Во денешно време секој аут се третира како корнер, 10 играчи влегуваат во шеснаесетник и следува нафрлање“ – вели тренерот на Манчестер Сити.

„Бевме ставени на мака против Брентфорд, или пак погледнете што се случи на мечот помеѓу Брентфорд и Ливерпул, секој напад Кајоде нафрлаше од аут и токму Кајоде беше играч на натпреварот“.

„Во денешно време, прекините се голема опасност. Паметам како беше со Шон Дајч во Барнли. Барнли беше права опасност при прекини, одбиени топки… Дајч е еден од најдобрите кога е во прашање ваквиот пристап“.

„Ова не е ништо ново, се случуваше и претходно. Тоа го правеше и Сем Аларјдас. Или пак паметам што се случуваше со Стоук Сити, тоа е пред моето време тука. Паметите како Стоук Сити изведуваше аути? Сега се повеќе и повеќе тимови го прават тоа“.

„Паметам кога бев дел од Барселона и Баерн Минхен како Арсен Венгер „плачеше“ кога требаше да игра против Стоук“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×