Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во стартната постава на Наполи на натпреварот против Лече, кој започнува во 18:30 часот.
Ова ќе биде само вторпат сезонава Елмас да започне меч од првата минута по неговото враќање во Неапол летово. Претходно, тој беше стартер во дуелот со Пиза на 23 септември. Во останатите средби против Милан, Торино и Интер влегуваше од клупата, додека против Џенова не доби шанса за настап.
Против Лече, македонскиот офанзивец ќе дејствува на левата страна од средниот ред, заедно со Гилмор на центарот и Ангуиса на десната страна.