Алексис Санчез во
моментов е на излезна врата од Емирати, тој е обврзан кон „Топчиите“ до 30.
јуни, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место, па само
прашање на време е кога тој ќе се пресели во друг клуб.
Но ситуацијата
можела да биде многу поразлична, според денешното издание на Тајмс, Чилеанецот
пред 12 месеци си подал рака со Арсен Венгер за нов договор и останување во
Арсенал по 2018.
Но играчот се
предомислил во март оваа година, откако „Топчиите“ беа посрамотени од Баерн
Минхен во Лигата на шампионите и двомечот го загубија со 10-2.
Сега Венгер и
Арсенал треба да одлучат дали уште шест месеци ќе задржат играч кој не е среќен
или ќе го продадат на ривал од Премиерлигата во јануари.
Манчестер Сити и
Пеп Гвардиола го сакаат Алексис Санчез, тие се обидоа да го купат Чилеанецот во
последните денови од летниот преоден рок, и беа многу блиску, но зделката пропадна во
последен момент откако Арсенал не успеа да го донесе Томас Лемар од Монако.
ПСЖ исто така
посакува да го ангажира Алексис Санчез, но се верува дека самиот играч веќе има
одлучено да му се придружи на Пеп Гвардиола на Етихад.