Модриќ е разочаран по ремито со Пиза: Мора да ги добиваме овие домашни натпревари!

by riste
1 минути читање

Милан синоќа доживеа нов кикс против нов прволигаш во Серија А откако одигра само 2-2 против екипата на Пиза која е беше последнопласирана на табелата.

Во првото коло Милан загуби дома од Кремонезе, а вчера малку фалеше да биде поразен и од Пиза, се спасуваше со гол во судиското продолжение. Росонерите атакуваат на Скудетото, а досега загубија пет бода против нови прволигаши и тоа на мечеви кои се играа на Сан Сиро.

Модриќ кој беше прогласен за играч на натпреварот е фрустриран по ремито со Пиза.

„Требаше да го затвориме мечот уште во првото полувреме. Тогаш игравме добро, но дадовме само еден гол. Вториот дел го почнавме премногу меко, па примивме гол од пенал и тој гол… тоа е фудбал. Дури и кога си посилен и заслужуваш да победиш, се може да се случи“, вели Модриќ.

„Само наша вина е тоа што не победивме. Загубивме два значајни бода. Со сета почит за Пиза, но овие натпревари дома мора да ги победуваме. Тажни сме и лути бидејќи пропуштивме голема шанса“.

„Тие играа човек на човек и ние ги сменивме позициите за да креираме простор и да ги збуниме. Тоа функционираше во поголемиот дел од мечот, но мораме подобро. Треба да играме со повеќе интензитет. Дома мора да ги финишираме ваквите натпревари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×