Манчестер јунајтед ја
имаше победата во свои раце синоќа на гостувањето кај Лестер, иако со играч
повеќе на теренот, прими гол во самата завршница и мечот заврши со резултат
2-2.
Жозе Мурињо не се
штедеше на критики кон своите избраници, по мечот упати критики до нив, велејќи
дека пристапот им бил детинасти.
„Тоа што ме фасцинираше
е расплетот на ситуацијата по нашиот втор гол. Имавме неколку прилики кои не ги
искористивме, со леснотија го имавме поседот на топката и контролата на
натпреварот, но изгубивме само поради детинестиот пристап на моите фудбалери“ рече
Мурињо.
Фановите на Манчестер јунајтед „распалија“ по Ерера: Тоа што го направи на мечот против Лестер е себичен потег! (ФОТО)
„Требаше да постигнеме
четири, пет, па можеби и шест гола и да го решиме мечот без потешкотии, а на
крајот бевме казнети поради акумулирани детинести грешки“ додаде португалскиот
стратег.