„Росонерите“ не играат на потребното ниво, па по серијата лоши резултати, Винченцо Монтела доби отказ на крајот од ноември.
На негово место беше назначен Џенаро Гатузо, но ниту тој не успеа да го врати тимот на победнички патеки, Милан освои само 4 бода на 4 натпревари под водство на Рино.
Па сега се најавува и негово заминување, медиумите од Италија пишуваат дека лидерите на клубот му поставиле ултиматум на стратегот и побарале позитивен резултат против Интер во Купот на Италија и против Фиорентина во Серија А.
Доколку „Росонерите“ забележат нови порази, и Џенаро Гатузо ќе добие отказ. При вакво сценарио, Ла Стампа пишува дека Милан би можел да го врати Винченцо Монтела, кој се уште е под договор.
Враќање на тренер кој „добил клоца“ не е толку необична појава во Калчото, но еден ваков потег сигурно нема да им се допадне на фановите, бидејќи тоа ќе покаже дека управата е без компас и Милан не знае кај тера откако изминатово лето потроши преку 200 милиони евра на засилувања кои не ги исполнуваат очекувањата.