Шампионот на Шпанија и Европа не игра на посакуваното ниво оваа сезона, а тоа најубаво се забележа вчера кога Барселона славеше на Бернабеу и креираше 14 бода предност во однос на Реал Мадрид.
Па по бламажата која ја имаа избраниците на Зинедин Зидан на „Ел Класико“, медиумите од Шпанија најавија големи промени во составот на „Кралевите“.
Дон Балон вели дека дуелот со Барселона бил последна шанса за Карим Бензема да се докаже, Флорентино Перез го предупредил Французинот дека ако разочара, клубот ќе бара негова замена во зимскиот преоден рок.
Според Диарио Гол, изборот за нов голгетер паднал на Мауро Икарди, кој игра во одлична форма во дресот на Интер.
Аргентинецот треба да пристигне на Бернабеу во јануари, во пакетот засулувања вреден 200 милиони евра заедно со голманот Кепа Аризабалага од Атлетик Билбао и дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи.