Официјално: Славниот Рафа Бенитез е нов тренер на Панатинаикос!

by riste
1 минути читање

Грчкиот фудбалски гигант, Панатинаикос го потврди Рафаел Бенитез како нов тренер на тимот.

Панатинаикос се раздели со досегашниот тренер и го назначи Рафа Бенитез за нов шеф на стручниот штаб.

Шпанскиот стратег стави потпис на двегодишен договор со грчкиот клуб.

Рафа Бенитез својата најголема промоција ја имаше во Валенсија со која двапати ја освои Ла Лига и еднаш УЕФА Купот. Потоа го презеде кормилото на Ливерпул со кој ја освои Лигата на шампионите и еднаш играше во финале на ова натпреварување. Со Челси ја освои Лига Европа, а беше тренер и на Интер, Наполи и Њукасл. Последен негова ангажман беше екипата на Селта која ја водеше во текот на сезоната 2023/24.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×