Милан бара помош од Модриќ за да купи играч од Реал Мадрид

by riste
0 минути читање

Доаѓањето на Масимо Алегри како тренер и Лука Модриќ како искусен фудбалер, го освежија Милан кој во моментов се наоѓа на лидерската позиција во Серија А.

Клубот размислува за следните трансфер потези, а во нотесот е напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија.

Наводно, Милан побарал и од Лука Модриќ да им помогне во убедувањето на младиот фудбалер да се пресели на Сан Сиро.

Гонзало Гарсија имаше фантастични настапи на Светското клупско првенство и на подготовките воопшто, но добива мала минутажа во официјалниот дел од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×