Навивачите на Ливерпул му замерија на Мохамед Салах поради еден потег од синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт, иако нивниот тим славеше убедливо со 5-1. Египќанецот беше наречен „себичен“ на социјалните мрежи откако во завршницата од мечот реши сам да шутира наместо да му подаде на новото засилување, Флориан Вирц.
Салах натпреварот го започна на клупата, а во игра влезе во 74. минута наместо Екитике. Неколку минути пред крајот, при веќе убедливо водство, тој се најде во одлична позиција за погодок. Покрај него беше и Вирц, кој чекаше додавање за сигурен гол и прв погодок во дресот на Ливерпул, но не ја доби.