Шпанските клубови ја добија правната битка со раководството на Ла Лига, која имаше намера дуелот меѓу Виљареал и Барселона да го премести во Мајами. По одлуката натпреварот сепак да се одигра на домашно тло, следуваше и реакција од претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
„Шпанскиот фудбал ја пропушти можноста да направи чекор напред и да обезбеди посветла иднина. Одредени институции со своите одлуки ја загрозуваат традицијата и ја ограничуваат шансата националното првенство да расте и да се развива. Ние ќе продолжиме да се бориме шпанскиот фудбал да остане конкурентен во Европа“, изјави Тебас.
Според новиот распоред, дербито меѓу Виљареал и Барселона ќе се одигра во Шпанија, како и сите останатите средби од првенството.