86
Ливерпул со погодоците
на Кутињо и Салах имаше предност од 0-2 против Арсенал на гостински терен во
редовното коло од англиската Премиерлига, но домаќините направија чудо.
Најпрво Санчез намали на
1-2, а Џака со феноменален гол од далечина, вистинска бомба, израмни на 2-2, по
што Озил го донесе Арсенал во предност од 3-2. Сепак, Фирмино донесе израмнување на 3-3 потоа.
Иако топката одеше со
правец директно во Мињоле, голманот на Редсите и во овој случај беше немоќен да
сопре таа да заврши зад него во мрежата од голот.