Младата ѕвезда на Реал направила скандал на клупата, и тоа пред очите на Чаби Алонсо

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Ендрик бил бесен кога дознал дека нема да влезе во игра против Хетафе, па во нервоза шутнал шише со вода, и сето тоа пред очите на тренерот Чаби Алонсо.

Ендрик оваа сезона нема одиграно ниту една минута, очигледно ваквата ситуација не му се допаѓа на младиот Бразилец, па тој синоќа направил скандал.

Во второто полувреме против Хетафе, Чаби Алонсо го испрати напаѓачот на загревање во второто полувреме кога „кралевите“ бркаа победа, но на крајот одлучи во игра да ги вметне Гонзало Гарсија и Брахим Диаз.

Па Ендрик мораше да се врати на клупата за резерви, и тој во нервоза шутнал едно шише со вода.

„Ендрик шутна едно шише со вода кога беше известен дека треба да престане да се загрева и да се врати на клуба. И сето ова се случуваше пред очите на Чаби Алонсо, кој виде што направи напаѓачот, и воопшто не му се допадна тоа“ – пренесуваат медиумите од Шпанија.

Останува да се види дали ќе има некаква санкција за Ендрик, и дали тој ќе го напушти Реал Мадрид веќе во јануари – интерес за неговите услуги пријавуваат неколку клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×