Блесок на Меси за крај на регуларната сезона, даде хет-трик против Нешвил! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Интер Мајами со стил ја затвори регуларната сезона во МЛС, славејќи со убедливи 5-2 на гостувањето кај Нешвил. Тимот од Флорида го обезбеди третото место во Источната конференција, а творец на триумфот беше Лионел Меси.

Аргентинската суперѕвезда постигна гол за 0-1 во 35. минута, а откако ривалот направи пресврт тој во 63. од пенал погоди за израмнување (2-2). Пред финишот Аргентинецот стрела и третпат за 2-4 и заверка на победата.

Плејофот во МЛС започнува на 24 октомври, а тимот на Меси повторно ќе се сретне со Нешвил, овојпат во елиминациската фаза.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×