За гостувањето на
„Ештон Гејт“, Жозе Мурињо направи дури 10 замени во однос на победата од 1-2
против ВБА во Премиерлигата. Но и покрај тоа,
Манчестер јунајтед на теренот имаше талент вреден преку 230 милиони фунти.
Најскапиот играч
во историјата на „Црвените ѓаволи“, Пол Погба беше стартер а за прв пат по
повредата во почетните 11 се најде и Златан Ибрахимовиќ. Шанса за докажување
доби летното засилување Виктор Линделоф како и Лук Шо, Рохо, Дармијан и Блинд.
И покрај тоа што
имаа сосема солиден тим, „Ѓаволите“ доживеаја срамен пораз, па „Специјалниот“
најави дека добар дел од овие играчи ќе бидат седнати на клупа или воопшто нема
да се најдат во составот на следниот натпревар.
„Оние кои истрчаа
на теренот не беа на претходниот натпревар, а нема да бидат и на следниот” – порача Жозе Мурињо.
„Мислам дека
пропуштија добра шанса да играат полуфинале, како и шанса да се докажат на уште
два натпревари”.
Погба треба да го
задржи местото во стартниот тим за дуелто со Лестер во сабота, а Рашфорд или
Марсијал да се најдат на левата крилна позиција. Ромеу Лукаку, кој беше пуштен во игра во второто полувреме против Бристол, ќе треба одново да го предводи форот, а Жозе Мурињо се
очекува да ги врати во составот и Де Геа, Ешли Јанг, Фил Џонс, Крис Смолинг,
Немања Матиќ, Хуан Мата и Џеси Лингард.