Поранешниот фудбалер на Милан, Кристијан Панучи вели дека сите треба да се запрашаат каков е квалитетот на Серија А доколку Лука Модриќ со 40 години е еден од најдобрите.
По 13 години поминати во Реал Мадрид, Лука Модриќ минатото лето го напушти „Бернабеу“ и се реши за авантура во Милан.
Хрватот импресионира со своите партии во Калчоти и добива пофалби од сите страни.
Но поранешниот фудбалер на „росонерите“, Кристијан Панучи смета дека ова не е добра слика за Серија А.
„Модриќ дели топки како никој друг, има страшна фудбалска визија. Но кога тој игра толку добро со 40 години, треба да се запрашаме колку ни е добро првенството?“ – вели поранешниот дефанзивец, кој исто така настапуваше и во Интер, Реал Мадрид и Рома.