Второлигашот
Бристол предизвика големо изненадување откако вечерва со гол во 93. минута славеше
со 2-1 над фаворитот Манчестер јунајтед и обезбеди полуфинале од Лига Купот,
каде уште се Арсенал, Челси и Манчестер Сити.
Домаќините
одиграа одличен натпревар, постигнаа два убави гола и во добар дел од средбата
беа рамноправен противник.
Но Жозе Мурињо
уште еднаш покажа дека тешко ги прифаќа поразите и по крајот на натпреварот наместо поштено да честита
истакна дека Бристол имал среќа.
„Тие имаа
среќа, се бореа со сите сили, но имаа среќа. Дадоа гол во момент кога сите чекаа
ние да постигнеме погодок, па морам да кажам дека имаа среќа” – вели „Специјалниот“.
„Исто така, ние
во првото полувреме два пати ја погодивме рамката од голот при резултат 0-0”.
„Се бореа како ова да е натпреварот на нивната кариера, веројатно е така и тоа беше убаво. Мислам дека ова е прекрасен ден за фудбалот, победи тим од втората лига и ќе игра полуфинале. Ова е голем дел за Бристол и неговите фанови, па сакам да им честитам. Тоа што велам
дека имаа среќа не сакам да биде главна работа, главна рабоа е тоа што се бореа
и победија”.
Изјавата на Жозе
Мурињо веднаш стана хит на социјалните мрежи, сите се чудат како „Специјалниот“
очекува „тие имаа среќа“ да не биде главна работа кога зборот „среќа“ го
употреби пет пати во само една минута.