Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ иако блеска во дресот на Милан, веќе ги подготвува следните чекори по завршувањето на својата блескава кариера.
Според информациите на шпанскиот „Дефенса Сентрал“, Модриќ го прифатил повикот од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, и планира повторно да се врати во клубот каде што го достигна врвот на европскиот фудбал.
Во моментов, искусниот хрватски ас е целосно посветен на обврските во редовите на „росонерите“, но по крајот на активното играње ќе добие важна функција во „кралскиот клуб“.
Планот е Модриќ да направи едногодишна пауза од фудбалот, а потоа да ја започне својата тренерска кариера како предводник на една од младинските категории на Реал Мадрид. На тој начин, капитенот на хрватската репрезентација ќе остане дел од клубот во кој ги помина најубавите години и освои сè што може да се освои.