Тотнем прави сензационален трансфер и го враќа Хари Кејн?!

by bojan
1 минути читање

Тотнем летоска нема да штеди пари со цел да го врати Хари Кејн во Северен Лондон и да креираат тим со кој ќе можат да атакуваат на трофеи.

Хари Кејн во последно време често се поврзува со враќање во Премиерлигата, се шпекулира дека во договорот на напаѓачот има откупна клаузула која нема да биде проблем да се активира.

Како што пренесува Тимток, Тотнем сака да направи сензационален трансфер и да го врати Англичанецот во своите редови.

Семејството Луис сака да испрати јасна порака за своите намери, и со ангажман на големо засилување да ги засили амбициите на „спарси“ под водство на Томас Франк и целта да се атакува на трофеј.

Пари нема да се штедат, ќе биде платена откупната клаузула, како и платата која Хари Кејн во моментов ја заработува во Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×