107
Бристол вечерва го пречекува Манчестер јунајтед во четвртфиналето од Лига Купот, за домаќините ова е голем натпревар, особено за менаџерот Ли Џонсон.
36 годишниот стретег сега открива дека ја искршил касичката на неговата ќеркичка со цел да го купи омиленото вино на Жозе Мурињо, во надеж дека ќе дојде до некоја минута плус разговор со „Специјалниот“.
„Се надевам дека ќе разговараме, потрошив 450 фунти за шише вино!“ – вели Џонсон.
„Морав да ја скршам касичката прасе на мојата ќеркичка. Шишето со авион сега го носат од Португалија“.
Се верува дека Ли Џонсон нарачаl шише Барка Веља Ред од 2004, едно од омилените вина на Жозе Мурињо.