Поранешниот англиски судија, Дејвид Кут ја призна вината за креирање на непримерно видео со дете.
Овој 43-годишен се појави пред судот во Нотингем поради обвиненијата кои беа поднесени против него од најтешк категорија за ширање и креирање на детска порнографија.
Кут беше обвинет во август, а по неколку месеци призна вина.
„Признавте вина за сериозно дело. Дали тоа ќе значи затворска казна или не, ќе биде одлучено кога судот ќе ги има сите информации“, изјави судијата Нирмал Шант.
Ќе потсетиме, претходно тој беше суспендиран од Фудбалскиот сојуз на Англија, откако во јавноста се појави видео на кое го навредува Јирген Клоп кој во тој период го предодеше Ливерпул. Подоцна се појави и снимка на која се гледа како конзумира кокаин во период на Европското првенство во 2024 година каде што имаше и работни задачи.