Големиот процес против Манчестер Сити се ближи кон својата завршница, пишува британскиот „Индепендент“, кој дури открива и кога ќе биде објавена конечната пресуда во случајот со истрагата во Премиерлигата против 115 точки.
Според весникот, конечната одлука треба да биде објавена во текот на следниот месец.
Во заедничко соопштение, Манчестер Сити и Премиерлигата потврдија дека постигнале договор околу арбитражниот процес што клубот го покрена претходно годинава во врска со правилата за трансакции со поврзани страни (AПТ), но тоа не е поврзано со овој случај.
Да потсетиме, кога случајот првпат излезе во јавноста, се зборуваше за драконски казни, вклучувајќи и можност за одуземање бодови на Манчестер Сити, кој е обвинет за прикривање незаконско финансирање од владата на Обединетите Арапски Емирати.
Останува да го почекаме месецот кој следи и да видиме дали највите за објавување на одлуката која толку многу се очекува ќе се остварат.