79
27-годишниот Александар Савковиќ, водач на навивачката група „Јунајтед форс“ е убиен со неколку истрели од огнено оружје пред познат ноќен клуб во Белград.
На пукотниците им претходела тепачка пред ноќниот клуб, а потоа Савковиќ добил неколку куршуми во градите од кои починал.
Савковиќ имал дебело криминално досие, тој и е познат на полицијата, бил обвинет за обид за убиство, дрога, оружје, насилничко однесување, разбојништво….
Тој бил еден од водачите на навивачката група која го поддржува Рад, но голем дел од животот го поминувал зад решетки поради криминалните дејствија.