71
Ливерпул се враќа со
убедлива победа од 0-4 на гостувањето кај Борнмут во редовното 18 коло во
англиската Премиерлига, а резултатот на паузата гласеше 0-3 за гостите.
Кутињо, Ловрен и Салах
беа стрелци на погодоците во првиот дел а Фирмино само ја зголеми разликата во
резултатот.
Со овие три бода
Ливерпул повторно се врати на четвртото место на табелата со бод предност во
однос на Арсенал, односно два пред Барнли, три пред Тотенхем. Борнмут со 16
бода е во долниот дел од табелата и му претстои битка за опстанок во елитата.