65
Рикардо Кака денеска
објави дека ја завршува својата професионална фудбалска кариера, а најдобрите
моменти од својата кариера секако ги имаше во дресот на италијанскиот клуб Милан.
Бразилецот реши да се
повлече од фудбалот на 35 годишна возраст, а претходно се раздели и од својот
последен клуб каде настапуваше, американски Орландо Сити.
Кака својата кариера ја
почна во Сао Паоло каде најпрво мина низ младинскиот погон на таа екипа, потоа
следеше трансферот во Милан, па од таму во Реал Мадрид по што се врати во
Милан, по што се пензионираше по настапите во Орландо.
За Бразил имаше 92
настапи на кои постигна и 29 погодоци.