„Секој кој ќе оди на натпреварот со Албанија е идиот“

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот сојуз на Србија одлучи да не пушта во слободна продажба билети за претстојниот меч против Албанија во Лесковац, што предизвика бурни реакции кај навивачите и јавноста.

Одлуката ја коментираше и познатиот водител Иван Ивановиќ, кој остро ја нападна власта, но и селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, обвинувајќи го дека ги исполнува нивните наредби.

„Некаа престане да глуми и нека каже дали некогаш во историјата репрезентацијата играла без продажба на влезници. Играш за политичарите беднику, не за нарадот. Секој ќе оди на натпревар додека оваа претстава трае е идиот. ФСС треба јавно да е извини на сите граѓани на Србија“, објави Ивановиќ.

Водителот не е единствениот што смета дека саботниот дуел во Лесковац, кој почнува во 20:45 часот, ќе биде само собир на политички избраници и критиките во јавноста се големи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×