Лани тоа не се случи, но
останува надежта дека Реал Мадрид ќе биде поздравен на светски мегапопуларното
фудбалско дерби, „Ел Класико“ од страна на своите најголеми ривали од редовите
на Барселона.
Реал Мадрид ја освои
светската титула, а Роналдо очекува на „Сантијаго Бернабеу“ работите да се
променат во однос на темата која разви голема дискусија, па рече дека доколку
фудбалерите на Барселона им укажат чест на своите ривали, би било прекрасен
чин.
„Тоа би бил прекрасен
чин, би сакал Барселона да ни укаже чест по големиот успех што го остваривме“
рече Роналдо.
Инаку, лани големото
дерби откако Реал Мадрид се искачи на врвот на светскиот фудбал се играше на „Камп
Ноу“, оваа година се игра на терен на шпанскиот и европски првак, а воедно и
светски.