Срам за Манчестер јунајтед: Младинци носеле дресови од Евертон, женскиот тим купувал копачки од продавница

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пишуваат за проблемите кои се појавиле во Манчестер јунајтед по бркањето на 250 луѓе како дел од политиката на Сер Џим Ратклиф за кратење на трошоците.

Сер Џем Ратклиф од свој џеб одвои 50 милиони фунти за тренинг центарот на „ѓаволите“ во Карингтон да прерасне во еден од најмодерните, но неговата политика за кратење на трошоците донел многу срамни ситуации за Манчестер јунајтед.

Како што пренесува Атлетик, мочињата од тимот до 13 години минатиот месец играле против своите врсници, но немале доволно дресови и чорапи, па морале да позајмат од противниците, па така имало дечиња кои носеле дрес на популарните „карамели“ а играле за Манчестер јунајтед.

Непријатна ситуација имал и женскиот тим на гостувањето во Норвешка против СК Бран во квалификациите во Лигата на шампиони.

При транспортот исчезнала дел од опремата, па од локална продавница биле купени 15 пара копачки, и 20 пара костобрани.

Се говори дека ваквата ситуација е резултат на сериозните кратења на персоналот и мерките за штедење имаат негативни последици.

Во академиајта се забележани сериозни проблеми со хигиената, нечисти тоалети, преполни корпи за отпадоци и запуштени терени – вработените сметаат дека бројот на лица задолжени за одржување е недоволен за да се задоволат високите стандарди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×