Чави ги одбива милионите на Арапите, чека понуда од еден клуб од Европа

by bojan
1 минути читање

Поранешниот тренер на Барселона, Чави во моментов не е заинтересиран за авантура во Саудиска Арабија и ги одбива сите понуди кои пристигнуваат од таму, стратегот сака да преземе клуб од Европа, и прв пик му е Манчестер јунајтед.

Чави се уште е без работа откако се раздели со Барселона на крајот од сезоната 2023/2024, стратегот добил неколку понуди, главно од Саудиска Арабија, но во овој момент не е заинтересиран за „петро-доларите“.

Неговата идеја е да преземе клуб од Европа и прв пик му е Манчестер јунајтед.

Тој внимателно следи што се случува на Олд Трафорд, каде Рубен Аморим е под огромен притисок, па ако добие повик од „ѓаволите“, веднаш ќе ја прифати работата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×