Хрватските хулигани се пожалија: Не знаевме дека за 100 евра ќе „изедеме“ ваков ќотек (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Инцидентите кои беа
предизвикани на вечното дерби во Србија помеѓу Партизан и Црвена Звезда се уште
е топ тема на овие простори.

Постоеа неколку верзии
за тој настан, а една од нив е битка за превласт на „Југот“, шпекулациите велеа
дека неколку хулигани од Хрватска добиле по 10.000 евра за тој хаос.

Се појавија и снимки од
спроведувањето на овие хулигани под трибинските простории на стадионот во
Белград, а полицијата наводно слушнала како еден од нив се пожалил
: Не знаевме дека ќе добиеме толку ќотек за 100 евра.

Српските медиуми
пишуваат дека според одредени сознанија до кои дошле, еден од хулиганите
наводно изјавил дека некој навивач на Партизан му исплатил 8.000 евра за да го
чува на трибината.

„Блиц“ објави и снимка за тоа како специјалните полициски сили ги спроведуваат хулиганите, на која јасно се гледа дека истите добиле голем ќотек на трибината каде се нашле помеѓу „Гробари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани