Голема драма со шест гола во Рим: Лацио во 103. минута се спаси од пораз (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Лацио извлече бод во вистинска драма против Торино (3-3) во рамки на шестото коло од Серија А, во дуел кој понуди два пресврти и неизвесност до последниот свиреж.

Торино прв го отвори резултатот преку Симеоне, но до одморот Лацио направи пресврт со двата гола на Канчелиери (2-1).

Во второто полувреме, гостите преку Адамс во 73. минута дојдоа до израмнување, а драмата кулминираше во судиското надополнување кога Коко ја врати предноста за Торино (3-2), а потоа Лацио со голот на Каталди од пенал во 103. минута сепак дојде до бод, „лацијалите“ не се предадоа и во 102. минута преку Каталди од белата точка стигнаа до конечни 3-3.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин видовме само еден гол доволен за победа на Лече над Парма на гостински терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×