Шок за навивачите во Србија: Билети за натпреварот со Албанија нема да се продаваат!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Србија на 11 октомври во Лесковац ќе го одигра квалификацискиот натпревар против Албанија, но веста која денеска пристигна од Фудбалскиот сојуз на Србија предизвика големи реакции кај навивачите, билети во слободна продажба нема да има.

Како што соопштија од ФСС, присуството на трибините ќе биде овозможено исклучиво преку распределба на влезници во рамки на фудбалската заедница. Карти ќе добијат регионалните сојузи, клубовите, учениците од фудбалските школи заедно со нивните родители, стручните организации, официјалните спонзори и гости на сојузот, акредитираните медиуми, како и медицинските и техничките екипи задолжени за организацијата на натпреварот.

Дополнително, секоја влезница ќе биде персонализирана, а при влез на стадионот ќе се врши контрола на личните документи, со цел да се спречат евентуални инциденти и да се гарантира безбедноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×