Дефанзивецот на Шкендија доби прв повик за Албанија, може да дебитира против Србија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Албанскиот селектор Силвињо го објави списокот на фудбалери за октомврискиот ФИФА прозорец.

Најголема новост во составот е првиот повик за дефанзивецот на Шкендија, Клисман Цаке. Фудбалерот од Тетово досега настапуваше за младинските селекции на Албанија, но сега ќе го има своето деби за сениорскиот национален тим.

Повикот на Цаке предизвика бројни коментари, особено затоа што токму против Србија може да го запише првиот настап во националниот дрес, но и поради тоа што доаѓа од ПМФЛ која не котира најдобро.

Албанија по дуелот со Србија ќе одигра и пријателски натпревар против Јордан на 14 октомври на „Ер Албанија“ во Тирана, со почеток од 19:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×