Артета не се шегува: На тренинзите во Арсенал ќе побара помош од воени пилоти

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, повторно изненади со својата идеја да воведе нешто ново и на тренинзите на „топчиите“ ќе вклучи воени пилоти.

Артета смета дека нивното искуство може да му помогне на тимот да ја подигне комуникацијата на повисоко ниво, па најави дека ќе воспостави директен контакт со нив.

„Ќе стапам во контакт со нив, сакам да слушнам како комуницираат. Често се во ситуации – живот или смрт. Сигурно не користат 20 зборови, туку само еден. Тоа е подобрување кое би можело да ни помогне“, изјави шпанскиот стратег.

Арсенал во Премиер лигата од почетокот на сезоната по шест кола има 13 бода со четири победи, едно реми и еден пораз, а зад лидерот Ливерпул заостанува два бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×