Легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни ги повика сопствениците да преземат конкретни чекори – промена на тренер, на фудбалери – за да го вратат клубот на победнички патеки.
„Ѓаволите“ се мачат на почетокот од новата сезона, Рубен Аморим никако да ги склопи коцките и може да се пофали со само 34 бодови од 33 натпревари во Премиерлигата.
„Искрено не знам што се случува“ – вели Вејн Руни. „Самиот пробав да се докажам како тренер и не поминав најдобро, па го разбирам. Рубен Аморим е мое годиште, се уште е млад тренер и сигурен сум дека има голема иднина пред себе“.
„Но ова што се случува во Манчестер јунајтед, ова не е јунајтед“.
„Се надевам дека ќе успее да го однесе тимот на прав пат, но од тоа што го видов до сега, немам никаква верба дека тоа ќе се случи“.
Вејн Руни, кој со „ѓаволите“ освои пет титули во Премиерлигата и една во Лигата на шампиони, потоа додаде: „Не го препознавам клубот, не гледам борбеност кај играчите, не гледам карактер, не гледам желба за победа“.
„Одам на натпревари очекувајќи пораз или еден бод во најдобар случај“.
„Клубот ја изгуби душата. Потребен му е нов мотор, нова енергија, нешто што ќе го разбуди. Не е проблем само тренерот, има и играчи кои не заслужуваат да го носат овој дрес. И тоа боли“.
„Потребни се големи промени. Тренер, играчи, што и да е – што и да треба, само Манчестер јунајтед а се врати таму каде што му е местото“.