Кунде и Левандовски стрелаа, Јамал асистираше, Барселона е нов лидер во Ла Лига! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Барселона го искористи поразот на Реал Мадрид во градското дерби против Атлетико и со победа над Реал Сосиедад каталонскиот гигант го презема врвот.

Гостите први стигнаа до предност со голот на Одраизола по половина час игра, но Барселона успеа да се врати во натпреварот преку Кунде кој погоди во 43. минута. Така на пауза се замина со по еден гол на двете страни.

Во вториот дел видовме еден погодок во кој учествуваа Јамал и Левандовски. Тинејџерот на Барселона нафрли од десната страна, а Левандовски со глава ја смести топката во мрежата.

На врвот Барселона сега има 19 бода, еден повеќе од Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×