Екипата на Вест хем денеска потврди дека тренерот Грем Потер повеќе не е предводник на лондонскиот клуб.
Како што наведуваат одк лубот, тимот под водство на Потер не ги исполнил очекувањата во текот на втората половина од минатат сезона и почетокот на оваа, па поради тоа сметаат дека е потребна промена.
Заедно со Потер го напуштаат и членовитее на неговиот стручен штаб, па многу брзо ќе треба да назначат нов предводник.
Ангажманот во Вест хем за Потер беше враќање во ангискиот фудбал по речиси две години откако претходно го предводеше Челси. Најмногу се истакна со работата во Брајтон, тим кој го предводеше од 2019 до 2022 година. Работеше уште во Лидс, Остерсуд и Свонси.
Вест хем својот натпревар од ова коло го игра в понеделник против Евертон.
West Ham United can confirm that Head Coach Graham Potter has left the Club.
— West Ham United (@WestHam) September 27, 2025
Full statement below.