Фудбалерот на Барселона, Педри покажа восхитување кон Санти Казорла, со кого имаше прилика да се надмудрува на вчерашниот натпревар против Овиедо.
Педри изминатиов период добива многу пофалби за партиите кои ги прикажува во средниот ред на Барселона, особено воодушеви на мечот против Њукасл во Лигата на шампиони.
Но самиот Педри сега покажа восхитување кон својот постар колега Санти Казорла, со кого имаше прилика да се надмудрува на вчерашниот натпревар против Овиедо.
Фудбалерот на Барселона на социјалните мрежи објави фотки од средбата со Санти Казорла по крајот на натпреварот и напиша: „Дали можам да го добијам твојот дрес генијалецу?“
Санти Казорла важеше за еден од најталентираните фудбалери во својата генерација, одлично технички поткован, кој умее да игра и со лева и со десна нога.
Беше дел од репрезентацијата на Шпанија која триумфираше на Европското првенство во 2008 и 2012.
Пред две години се врати во својот Овиедо за да помогне клубот да се врати во елитата и успеа во својата намера.
ФОТО: X/FC Barcelona