Руни: Пиев два дена по ред и потоа давав голови, да не беше сопругата мислам дека немаше да бидам жив

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни откри дека се соочувал со сериозен проблем со алкохолизмот. Некогашниот кошмар за дефанзивците во дресот на Манчестер Јунајтед, Руни признава дека животот надвор од теренот не бил секогаш сјаен.

Во подкастот на поранешниот соиграч Рио Фердинанд, Руни зборуваше отворено за својата борба.

Ставав капки за очи и користев мастики пред тренинг за да не се примети. Знаев два дена без престан да пијам, а потоа дојдам на натпревар и постигнувам голови. Потоа повторно продолжував да пијам. Не сакав да ги оптеретувам другите со проблемите, сакав сам да се изборам. Сепак, не можев бидејќи бев во сериозен проблем“, рече Руни.

Од сериозната ситуација го извлече сопругата Колин, со која е во врска уште од тинејџерските години.

Колин ме познава подобро од било кој друг. Од 17 години гледа кога не сум на вистинскиот пат и секогаш умееше да ме сопре. Таа ме држеше под контрола. Во некои моменти се прашував зошто постојано вели немој ова, немој она, но денес знам дека ми го спаси животот. Искрено верувам дека без неа не би бил жив“, се присети Руни.

Руни со својата отвореност повторно покажа дека зад сјајната кариера се крие човечка борба и важноста од поддршката на семејството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×