Руни брутално искрен за еден од неговите најголеми проблеми: Можев да бидам мртов, мојата сопруга ме спаси!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни зборуваше за проблемите со алкохолот со кој се соочувал во животот, а од лошиот пат го извлекла неговата сопруга Колин.

Руни за своите проблеми со алкохолот зборуваше во подкастот со неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд.

„Во еден момент дојдов до точка до која беше премногу. Се борев со алкохолот, не зборував со никого за тие проблеми, не сакав да бидам товар на никого. За тоа што сум денес тука најзаслужна е мојата сопруга, ако не беше таа веројатно ќе бев мртов“, призна Руни.

Покрај Манчестер јунајтед, Руни во својата кариера б еше дел уште од Евертон, Ди-Си Јунајтед и Дерби Каунти каде што ја заврши кариерата.

Фото: Derby County

Можно е и ова да ти се допаѓа

×