155
Вечерва Црвена звезда го пречекува Селтик во натпревар од Лига Европа, а како увертира за натпреварот се случуваа инциденти во Белград меѓу навивачите.
Информациите од Србија велат дека поголема група на српски хилигани нападнале шкотски навивачи кои носеле дресови и на Селтик и седеле во неколку локали во Белград.
Според тамошните медиуми, на тепачката и претходела расправија која траела кратко по што се случила физичка пресметка. Морала да интервенира и полицијата, а неколку фанови на Селтик завршиле во болница со повреди.