„Тен Хаг треба да биде уапсен за трансферот на Карерас!“ (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Ова лето Алваро Карерас направи трансфер од Бенфика во Реал Мадрид за 50 милиони евра и веднаш импресионираше со своите игри.

Во 2020 година Алваро Карерас од академијата на Реал Мадрид се префрли во академијата на Манчестер јунајтед каде мина две години.

Од 2022 година почна да игра сениорски фудбал, но беше позајмуван, прво на Престон, потоа на Гранада, па на Бенфика.

Во 2024 година беше продаден на Бенфика за смешна сума во споредба на она што вреди денеска.

Еден фан профил на Манчестер јунајтед, напиша:

„Манчестер јунајтед го продаде Карерас на Бенфика во 2024 година за само шест милиони евра. Една година подоцна, тој отиде во Реал Мадрид за 50 милиони евра. Мадрид сега верува дека фер вредноста на дефанзивецот е 80 милиони евра. Тен Хаг заслужува да биде уаспен само за оваа грешка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×